Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ излезе со прогноза за тоа колкав пад ќе има нашата економија

ММФ излезе со прогноза за тоа колкав пад ќе има нашата економија

Пад има економијата во Македонија и регионот, констатира Меѓународниот монетарен фонд. 

Економијата во Македонија годинава ќе има пад од 5,4%, проекција која е многу полоша од априлската, кога се очекуваше негатива од 4 отсто. 

Ова го предвидува ММФ во најновиот Извештај. Подобри бројки очекуваат наредната година, кога БДП би остварил раст од 5,5 отсо. 

Годинава би ја завршиле со инфлација од 0,9%, и дефицит на тековната сметка од 4,7%.

Најмногу ќе страдаат сиромашните земји, кои ќе имаат потреба од финансиска помош од другите земји. 

Според ММФ  бројот на отпуштени работници ќе расте, а  сиромашните ќе бидат уште посиромашни. 

Но, од ММФ  предвидуваат дека глобалната рецесија, предизвикатана од корона кризата ќе биде послаба  отколку што се очекуваше.

Слично

Поврзани вести