ММФ им се заканувал на Грците, Ципрас бара објаснување!
Грција побара објаснување од ММФ после објавата на документи преку Викиликс за тековните преговори помеѓу Атина и нејзините доверители.
Во документот, Фондот споменува можна закана од банкрот на земјата како поттик да прифати некои услови.
Викилис утрово објави транскрип од разговорот на двајца претставници од ММФ за тоа каков “настан“ би можел да ги примора Европјаните да го прифатат ставот на Фонот за мерките кои Грција треба да ги воведе за да може да се заклучи планот за помош за неа.
Наводно се работи за телефонски разговор од 13 март помеѓу Пол Томсен, шефонт на ММФ од одделението за Европа и Делије Велкулеску, шефица на мисијата на Фондот во Грција. Тие разговарале за стратегијата која треба да се усвои во преговорите бидејќи Фондот уште не го прифатил планот за помош на Грција, а преговорите се блокирани околу реформата за пензии и фискални реформи.
Томсен се жалел на бавност околу преговорите и разликите помеѓу Европјаните и Фондот околу економските проценки за Грција. Тој сега се прашувал што би можело да доведе до одлука.
„Во минатото, само еднаш е донесена одлука и тоа било кога на нив (Грците) сериозно им недостасувале пари и кога им се заканувал банкрот“, рекол Томсен и додал дека би можело повторно текво нешто да се случи но дека е можно сето тоа да се забави бидејќи Европјаните не сакаат да разговараат за тоа пред британскиот референдум за излез од Унијата на 23 јуни.
Портпаролката на грчката Влада Олга Геровасили рекла во соопштение денеска дека владата бара објаснување од ММФ дали трагањето за услови за банкрот на Грција е официјален став на Фондот.
Набрзо потоа канцеларијата на Ципрас соопшти дека тој ќе го спомене тој разговор со шефицата на ММФи европските лидери.
„Премиерот веднаш ќе и испрати официјално писмо на Кристин Легард за тоа прашање“, се наведува во соопштението.
Преговорите помеѓу Грција и нејзините доверители, ЕК, ММФ, ЕЦБ и фондот за поддршка на еврозоната треба да продолжат во понеделникот после двонеделната пауза.
Грчката левичарска влада често го обвинува ММФ дека спроведува контрапродуктивни мерки на штедње во време кога нивната земја се наоѓа на удар на мигрантската криза.
Слично
