Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ И СВЕТСКА БАНКА: намалување на јавниот долг, подоцна во пензија, монетарно олабавување!

ММФ И СВЕТСКА БАНКА: намалување на јавниот долг, подоцна во пензија, монетарно олабавување!
Кризата за светската економија заврши, но ризиците остануваат. Дефлацијата е нова закана за развиените економии. Дополнително, геополитичките тензии се уште еден ризик што ќе ја демне глобалната економија. Сиромаштијата останува главен предизик што ќе чека решение. И натаму голем број на земји живеат во екстремна сиромаштија  Ова се клучните пораки на генералниот директор на ММФ Кристин Лагард и на Џим Јонг Ким, претседателот на Светска Банка. Со нивните оценки започнаа и годинашните „Пролетни средби“ на двете моќни финасиски институции во Вашингтон. ЛАГАРД: Простор за комфор – нема! Иако глобалната економија веќе не е во рецесија, сепак според првиот човек на ММФ Кристин Лагард, севкупниот раст останува бавен, слаб и нерамномерен.
“Годинава светската економија ќе испорача раст од 3,6%, догодина таа стапка ќе изнесува 3,9%. Брозорастечките економии ќе растат со стапка од 5% а развиените земји со стапка од 2,3%. Генератор на растот ќе бидат брзорастечките економии и следната година. Заздравувањето е нерамномерно и сеуште слабо и нема многу простор за комфор“ - изјави генералната директорка на ММФ Лагард.
Главна цел ќе биде да се постигне оддржлив, инклузивен и рамномерен економски раст, како и да се обезбедат поголеми стапки на раст на БДП – смета Лагард. Иако заздравувањето е започнато, според неа економиите се соочуваат со нови ризици. Прво, развиените економии, особено оние од еврозоната се соочуваат со ниска инфлација.
“Ниската инфлација, односно дефлација е потенцијален ризик за развиените земји. Ја охрабрувам Европската Централна Банка да превземе мерки за монетарно олабавување па дури ако е потребно да се превземат и неконвенционални мерки“ - изјави Лагарад.
Следната ризична точка се лоцира во новите геополитички тензии, кои пред се се однесуваат на настаните во Русија и Украина, и можат да влијаат врз повлекување на капиталот од земјите кои се нарекуваат “нови пазари“. Според генералната директорка на ММФ, невработеноста, особено меѓу младата поулација и натаму е проблем за кој ќе мора да се најде решение. Според проценките на ММФ во светот има две милијарди невработени.
“Во земјите со висока стапка на невработеност на младите, реформата на пазарот на работна сила може да биде од клучно значање за да се пречи гувење на една цела генерација“ - оценуваат од ММФ.
Според првиот човек на Светска Банка Џим Јонг Ким, сиромаштијата останува предизвик што чека решение.
“Околу една милијарда луѓе во светот живеат во екстремна  сиромаштија. Развиените земји мора да размислуваат за таа бројка. До 2030 година се предвидува намалување на стапката на сиромаштија на годишно ниво во континуитет. И покрај напорите стравувам дека реформите во посткризниот период ќе бидат бавни“ - изјави претседателот на Светска Банка.
Фискална консолидација – приоритет! Земјите од Субсахарска Африка остануваат во фокусот на ММФ. Токму овие земји се оценуваат како најдинамични со просечна стапка на раст од 5% за време на кризата.. и арапските змеји добиваат се посилна поддршка од ММФ, кои според Фондот се подготвени да спроведат сериозни реформи.. Во извештајот за фискалниот мониторинг се наведува дека просечниот дефицит во развиените економии речиси е преполовен и изнесува во просек 3,5% од бдп. За земјите со ниски приходи, според аналитичарите на ммф фискалниот дефицит изнесува 3 проценти од БДП и се предвидува натамошен раст до 2019 та година и затоа фискалната консолидација мора да продолжи, сметаат аналитичарите на ММФ.
“Фискалната консолидација мора да продолжи со рамномерно и постепено темпо кон пониски стапки на долг кој ќе се одржува на разумно  ниво“ - пишува во извештајот за фискалниот мониторинг.
Според ММФ решението за економско закрепнување треба да се бара во инвестициите и во реформите на пазарот на трудот но она што е клучно за голем дел од развиените земји е тоа што фискалната консолидација не смее да наштети на економскиот раст. Една од реформските мерки, покрај фискалната консолидација е и реформата на пензиските ситеми, при што аналите на Ммф покажуват дека дел од проблематичните економии ќе мора ја зголемат старосната граница за пензионирање, нешто што веќе го направија некои од европските економии. И.Г.
Слично

Поврзани вести