ММФ: Грција има потреба од подолг период без исплати на долгот
Грција ќе има потреба од подолг период во кој ќе биде ослободена од плаќање на долгот, за да се постигне финансиска одржливост, во случај ЕУ да не се согласи да ги скрати долгот.
Ова го изјави портпаролот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Гери Рајс, цитиран од АФП.
„Можно е да се врати одржливоста на долгот без намалување однапред, иако тоа би значело обезбедување на компромисни услови за заем, вклучувајќи долг грејс и матуритетен период, како и многу ниски каматни стапки“, рече тој.
Во исто време германското издание „Хандесблат“ наведува дека германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле не сака олеснување на грчкиот долг пред 2018 година пишува весникот, кој се повикува на документ дод о парламентарната финансиска комисија, и наведува дека од таа причина се избегнува парламентарно решение за слично олеснување пред федералните избори во Германија следната есен.
Според „Хандесблат“ Министерството за финансии е подготвено да се олесни товарот на Грција, ако се постигне договор со ММФ.
