Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ ГО ПРЕДУПРЕДУВА СВЕТОТ: Се ближи опасен циклус!

ММФ ГО ПРЕДУПРЕДУВА СВЕТОТ: Се ближи опасен циклус!

ММФ предупреди дека централните банки ширум светот имаат проблеми во борбата против дефлаторните сили и дека владите мора да им помогнат да успеат во тоа.

Во оваа проценка на глобалните економски услови, ММФ наведува дека многу земји во светот се борат со дефлација поради слабиот раст на глобалната економија.

Како што се додава во извештајот, дефлаторните притисоци во повеќето земји имаат екстерен карактер и доаѓаат во форма на опаѓачки цени како сировина, така и произведени добра.

„Ниската инфлација ја тестира способноста на централните банки да ја користат монетарната политика за поттик на побарувачката, бидејќи веројатно каматните стапки се многу ниски, што им дава малку простор за понатамошно намалување на каматите“, забележува Фондот.

Тоа било случај со американската Управа за федерални резерви, Европската централна банка и централната банка на Јапонија, при што последните две веќе ги спуштија некои камати во негативна територија, заклучува Фондот.

„Тврдоглавата дефлација на крај може да доведе до скапи дефлаторни циклуси, како што тоа било случај во Јапонија, кога слабата побарувачка и дефлација се поттикнуваат една со друга, и кога се се завршува со нараснување на теретот на долг и загрозување на економските активности и отворање на работни места“, наведува ММФ.

Слично

Поврзани вести