ММФ ги смали прогнозите за раст во еврозоната поради Брегзит
Меѓународниот монетарен фонд ги намали прогнозите за раст во еврозоната поради Брегзит од 1.6 на 1.4%.
Во 2017 година растот ќе успори поради британскиот референдум. Се очекува неизвесност на финансиските пазари и пад на извозот на Британија. Сепак, од ММФ велат дека е рано да се излезе со проценка како ќе се одвиваат односите Британија - ЕУ. Прогнозите се оптимистични затоа што се смета дека Британија ќе постигне аранжмани како и Норвешка иако не е во ЕУ и ќе има пристап до пазар кој го сочинуваат 500 милиони луѓе. Ако преговорите меѓу Британија и ЕУ потрајат долго тоа ќе влијае на растот.
Пред Брегзит еврозоната покажуваше опоравување.
ММФ претходно предупреди дека еврозоната се соочува со стареење на населението, намалена продуктивност и слаби банки.
