Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ ги брани негативните каматни стапки и покрај ризиците

ММФ ги брани негативните каматни стапки и покрај ризиците

Меѓународниот монетарен фонд застана во одбрана на негативните каматни стапки на централните банки, имајќи ги предвид „значајните ризици“ од бавниот раст.

ММФ истовремено призна дека постои потенцијална опасност од наизменични циклуси на раст и колапс на економијата.

Шест централни банки, пред се Европската и Банката на Јапонија, се одлучиле за негативни камати со цел да ги олеснат условите на кредитирање како би се поттикнале потрошувачката и инвестициите, пренесува Франс прес.

„Иако искуствата со негативни номинални каматни стапки се ограничени, можеме условно да заклучиме дека во целина тие помагаат за донесување на додатни монетарни стимулси и олеснување на финансиските услови“, напишале три високи претставници во блогот на ММФ.

Нивниот коментар доаѓа пред годишниот пролетен состанок на ММФ оваа недела во Вашингтон.

Во средината на март, директорката на ММФ Кристин Легард рекла дека невообичаените негативни краткорочни камати, по кои банките плаќаат за чување пари на сметките кај централните банки, веројатно ќе поттикнат посилен економски раст.

Иако во теорија овој концепт би требало да функционира, економистите внимателно проучуваат што се случува во Европа и Јапонија поради стравувањето дека негативните каматни стапки всушност би можеле да предизвикаат кај компаниите и потрошувачите поголемо внимание во поглед на потрошувачката.

Тројца функционери на ММФ исто така изразија одредено внимание во таа смисла.

„Негативните каматни стапки може да предизвикаат наизменични циклуси на нагли успон и крах на цените на имотот. Овие потенцијални ризици бараат внимателно следење и надзор“, наведуваат тие.

Слично

Поврзани вести