ММФ: Европејците да простат дел од долгот на Грција
Кристин Лагард, директорот на Меѓународниот монетарен фонд, побара простување на значителен дел од долгот од Европејците, соопштува „Франс прес“.
Во соопштението Лагард го поздравила договорот и го опишала како „многу важна фаза“. Според неа тоа вклучува „решителен и сигурен напор од страна на грчките власти за враќање на траен и силен раст“.
Лагард сепак повторила дека, како ММФ постојано ја истакнува, Грција не може сама да ја врати одржливоста на долгот. Таа останува цврсто убедена дека долгот станал неодржлив.
„Од фундаментално значење е европските партнери на Грција да преземат конкретни обврски за значителен отпис на долгот, многу подалеку дискутира од моментов“, додала Лагард.
Европски држави на чело со Германија сакаат Фондот да учествува во спасувачкиот план за Грција, но се резервирани кон идејата за простување на некој дел од грчкиот долг. Тој е околу 170% од БДП на Грција.
