ММФ: Долгот на Грција останува чувствителен
Иако поволното финансирање на јавниот сектор и понатамошните планови за реформи, долгот на Грција се очекува да остане исклучително чувствителен.
Ова се наведува во предлогот за меморандум меѓу владата во Атина и ММФ.
Во документот се наведува исто така дека за понатамошната одржливост на долгот од големо значење ќе бидат активностите на европските партнери.
Фондот прогнозира дека оваа година Грција ќе има примарен дефицит од 0,5% и 0,25%, во 2017 година а во 2018 година примарен суфицит од 1,5%.
ММФ очекува просечната стапка на раст на Грција да биде 1,25% од среднорочниот план - процент кој е понизок од претходните предвидувања на институцијата.
Во предлогот на меморандумот се наведува дека поставените цели кои се дефинирани како „амбициозни, но реални“, би можеле да бидат изведени со примена на мерките со кои треба да се заштедат 2,5% од БДП до 2018 година.
Помеѓу овие мерки се и реформите кои се однесуваат на системот за пензиско осигурување, данок на доход, ДДВ-то и платите во јавниот сектор.
