Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ децидна: Без финансирање за Грција ако таа не ја плати следната рата

ММФ децидна: Без финансирање за Грција ако таа не ја плати следната рата

Грција нема да добие пристап до финансирање од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ако пропушти да ја плати следната рата кон Фондот.

„Секоја земја која не ги исполнува своите обврски кон Фондот ..., е прогласена за заостанатиот долг и нема пристап до финансирањето на ММФ“, изјавил портпаролот на Фондот Вилијам Мареј.

Според него, земјата ќе успее да го запази рокот за плаќање на организацијата и се очекува грчките власти да го вратат следниот дел од долгот секој момент.

Министерот за внатрешни работи на Грција, Никос Вуцис во саботата изјавил дека земјата „нема пари“ за да ја направи следната серија на плаќања кон ММФ во износ од 1,6 милијарди евра кои треба да бидат исплатени до петти јуни. Сепак претставниците на Атина, кои учествуваат во преговорите со кредиторите не дале знак дека плаќањата може да бидат одложени.

Портпаролот на ММФ, исто така, изјавил дека Грција не побарала измени во исплатата на обврските за да има земјата повеќе време за нивно спроведување.

Слично

Поврзани вести