ММФ бара од Македонија парите за субвенции да ги вложува за образование, обука и инфраструктура
Србија привлекла повеќе од половина од вкупните странски директни инвестиции што се реализирале во шест економии на земјите од Западен Балкан во последната деценија, се истакнува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд под наслов "Странските директни инвестиции во новите земји-членки и земјите од Западен Балкан", објавен на официјалниот веб-сајт.
Просечниот износ на СДИ по глава на жител во земјите од Западен Балкан е помала отколку во новите земји-членки на ЕУ, но учеството на СДИ во бруто домашниот производ е всушност повисока, бидејќи економиите во регионот се релативно мали, вели ММФ, кој проценува дека странските инвестици во Западен Балкан доаѓаат поради јакнењето на институциите, а кај новопримените членки тоа е поради тоа што имаат подобра инсфраструктура и постручен кадар.
ММФ проценува дека 11-те најнови земји-членки привлекле речиси 700 милијарди долари од СДИ заклучно со крајот на 2016 година, и дека тие одиграле важна улога во забрзување на растот на европските економии во Европа.
Зајакнување на институциите, обука на работниците и квалитетот на инфраструктурата се од суштинско значење за привлекување на странски директни инвестиции во Западен Балкан и во новите земји-членки на ЕУ, вели ММФ, со оценка дека буџетските приходи, наместо за субвенции треба да се пренасочат на инвестирање во образованието, обуката и инфраструктурата.
Во земјите од Западен Балкан, најголемата придобивка за СДИ носат зајакнувањето на институциите, и во новите земји-членки на ЕУ се проценува дека придобивките се од реформата на институциите, подобрување на инфраструктурата и подобро обучени работници еднакви.
