Младо момче најдено удавено во Охридското езеро
Во водите на Охридското езеро, стотина метри оддалеченост од плажата кај Воениот автокамп, кај Свети Наум е најдено безживотно тело на младо машко лице.
Според локалните охридски медиуми, телото на удавеното момче било извлечено на брегот по што била повикана Службата на итна медицинска помош.
Реанимацијата, не помогнала, бидејќи давеникот не покажувал знаци на живот, информирал портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Слично
