Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младо момче е убиено во сопствениот дом

Младо момче е убиено во сопствениот дом

Дваесетишестгодишно момче, чие безживотно тело беше пронајдено вчера во куќа во Радовиш е насилно убиено.

„Според првичните сознанија е утврдено дека се работи за насилна смрт.Од местото на настанот се земени биолошки траги и докази со што ке бидат утврдени причините за смртта“, информираа од Јавното обвинителство.

Неговите роднини остро демантираат дека се работи за љубовна драма и велат дека се сигурни оти момчето е убиено.

,,Се работи за класично убиство со умисла. Влегол во куќата и со тврд предмет го убил. Убиецот потоа го заклучил во собата и заминал. По телото имаше видливи повреди. Смртта е насилна а не како што кажаа одредени медиуми од лубовна драма. Бараме да се пронајде убиецот,, кажаа неговите најблиски

Телото на 26-годишниот радовишанец го пронашол сопственикот на куќата каде бил постанар.

Слично

Поврзани вести