Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЛАДИТЕ СЕ ОХРАБРУВААТ ДА ПОЧНАТ БИЗНИС: 34 проекти на домашни компании ќе се финансираат преку јавниот повик „СтартАПувај“

МЛАДИТЕ СЕ ОХРАБРУВААТ ДА ПОЧНАТ БИЗНИС: 34 проекти на домашни компании ќе се финансираат преку јавниот повик „СтартАПувај“

Во рамки на последниот Јавен повик за конфинансирање на старт ап компании аплицирале вкупно 186 компании од кои се избрани 34 кои го исцрпеле целиот буџет од 1 милион евра , додека дополнителни 30 компании кои имаат потенцијал чекаат одлука од Светска банка како финанасиски партнер на повикот на ФИТР.

Ова денеска го кажа директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски кој истакна дека она што го радува во рамки на тие 34 компании е фактот дека половината не се постари од една година, односно се новоосновани компании.

-Одлуката да се одобрат апликациите на тие 34 компании од кои половина се новосоздаени значи дека нашиот повик младите луѓе да размислат, се охрабрат и формираат свои бизниси и аплицираат за средства допрел до нашата целна група-рече директорот Деспотовски додавајќи дека останатите компании кои постојат се стари од 1 до 6 години колку што бил и критериумот на Јавниот повик.

Со првиот циклус од 34 компании во домашниот приватен сектор ќе се инвестираат вкупно 1,256,457.70 евра, од кои сопствени инвестициите на апликантите се 275,686.08 илјади евра, додека Фондот ќе инвестира 980,771.62 илјади евра. На реализација на проектите на овие старт ап компании ќе се ангажираат вкупно 177 лица, со просечен износ на плата од околу 25.000 денари.

Од првиот циклус 34 компании, 11 се во ИТ индустријата, додека останатите се во секторите 12 области меѓу кои биохемија, градежништво, маркетинг, земјоделие, енергетика и други.

„Ова се показатели кои говорат дека сме успеале да ја придвижиме македонската стартап заедница и полека да ја менуваме свеста во земјава, особено кај младите, дека можат да бидат успешни деловни луѓе дома,“ заклучи Деспотовски.

На брифингот беше информирано и дека Комитетот за одобрување на инвестиции побарал мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата во однос на 4те компании апликанти од првиот повик од Планот за економски раст, реализиран во средината на 2018г., во чија сопственичка структура има носители на јавни функции Истото, како што стои во заклучокот од Комитетот, е со цел расчистување на сите дилеми во однос на постапката за одлучување во периодот пред донесување на Протоколот за проценка на ризик. По добивање на мислењето, Комитетот ќе донесе конечна одлука врз основа на проценките за ризик за овие апликанти, подготвени од страна на Транспаретност интернешнл Македонија. Директорот Деспотовски информираше дека од страна на апликантот Декодикс во меѓувреме е пристигнато известување за повлекување на проектната апликација од повикот, со што овој апликант нема да добие финансиски средства од Фондот.

Слично

Поврзани вести