Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младите се иселувале зашто Владата овозможила укинување на визите

Младите се иселувале зашто Владата овозможила укинување на визите

Обидувајќи се да објасни зошто млади битолчани масовно се иселуваат од Македонија, советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Соња Трпезановска даде едно „позитивно” гледиште на проблемот.

„Со укинување на визите за европските земји, а визите беа укинати благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, се отвори европскиот пазар на кој секој со своето образование и квалитет може да конкурира” вели Трпезановска.

На седницата на Советот на Општина Битола беше побарано и да се изгласа намалување на бројот на учениците во една паралелка под законскиот минимум.

И за ова прашање, Трпезановска беше оптимист, објаснувајќи дека ако има помалку деца во еден клас, останатите ученици подобро ќе ја совладале материјата.

„ Со намалувањето на бројот на ученици во училиштата, директорите прават големи напори за правилна прераспределба на работните места, на наставниците, но во рамките на постоечката ситематизација, за никој да не остане на улица”-  вели Трпезановска.

Битолската опозиција ја обвини актуелната власт за масовното иселување од државата, посочувајќи дека главниот проблем е „штетната политика на ВМРО-ДПМНЕ кон младите”.

Слично

Поврзани вести