Младите повеќе на протести отколку на журки по дискотеки!
Активистите на Шарена револуција која веќе два месеци секојдневно протестира со разни акции, бараат од Уставниот суд да го стави на дневен ред и да се произнесе за уставноста на Специјалното обвинителство, актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да поднесе оставка и да се формира преодна Влада која ќе ги примени реформските приоритети од извештајот на Прибе и ќе организира фер и демократски избори.
За во понеделник е најавен масовен марш на шарената револуција закажан за 19 часот од пред СЈО.
Вчера тие со запалени бакли исцртаа единица на булеварот „Климент Охридски“, а на власта и Уставниот суд им пратија порака дека им останува уште еден ден до исполнување на нивните барања.
Дотогаш.... што размислуваат младите.
Протестите се сила, знак, надеж, слобода, очекување, победа, потреба...
“Сакам слободна земја во која ќе се слушне гласот на граѓаните, нивните желби и маки, нивните размислувања, ставови. Пораката која беше упатена секој ден на протестите е јасна и многу едноставна, но пред се суштинска за едно демократско општество- секој кој што вршел некое криминално дејствие треба да сноси одговорност” - вели за Фактор, Теано Кардула која е редовно на протестите. Тие вели се начин да го изрази својот гнев поради лошите владини политики, стегите во кои е оковано општеството, поради криминалите за кои треба да плаќаат идните генерации. А тие генерации вели често наместо за дома размислуваат за подобра иднина надвор.
“По Шарената револуција сите треба да научат дека ако се на власт нивната задача е да служат на граѓаните, а не граѓаните да им служат на нив. Порано се бегало во туѓина за пари, сега се бега за да се најде слобода. Сите политички игри овие 10 години креаираа младина која била на повеќе протести отколку на журки по дискотеки. Не знам до кога ќе имаат сила младите да се борат а никој да не ги слуша, праксата покажа дека полесно е да спакуваш куфер и да заминеш отколку да чекаш некоја политичка партија да се сети на младите.Eве голем дел од мојата генерација како и јас во септември високото образование ќе го почнеме во странство”- вели матурантката Теано.
За неа Протестирам и Шарената револуција внесоа нов свеж воздух меѓу граѓаните. Иако демонстрантите добиваат разни квалификации и етикети, се борат со серија обвинувања,повикувани се на информативни разговори, трпат закани, издржаа куќни притвори, на оваа состојба вели мора да и се најде разумен крај кој ќе значи исполнување на поставените барања- Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, запирање на прогонот врз демонстрантите,оставка од Владата на ДУИ и ВМРО- ДПМНЕ и формирање на преодна влада, како и формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите под јурисдикција на СЈО.
“Излегуваме на протест да потсетиме на барањата кои се уште не се исполнети. Одлучни сме и посветени да ги применуваме сите форми на протест и отпор се до исполнување на барањата и ден потоа. Шарената револуција постави барања и мислам дека оваа власт за прв и се надевам нивен последен пат на функција ќе мора да ги слуша граѓаните.
Секој кој што знае дека му е дојден крајот токму во тој период го дава најголемиот отпор. Овие етиките и обвинување не се нивна нова алатка за заплашување и токму поради тоа веќе не им се плашиме и ќе одиме до крај”- децидна е Теано.
Контрапротестите кои иако официјално прекинаа и само инцидентно во форма на лоши плагијати на контра герила акции се појавуваат после масовните акции на Шарената револуција, според неа се обид да се сотре секој неистомисленик со власта. Но оваа перцепција според Теано само го подгрева граѓанскиот гнев, ги усложнува и онака сложените проблеми на актуелната власт- недовербата кон системот, институциите.
“Со таквата реторика владеачката структура и нивните поддржувачи само потврдуваат дека ова е режим. Бараат еднопартиско владеење каде што ќе можат без проблем да го трујат народот со пропаганда што впрочем сега многу добро им оди со провладините медиуми кој го окупираат целосно медиумскиот простор. А дека ова им се последни очајнички обиди да си ги спасат парите и скријат криминалите говори фактот дека граѓанско движење ( ГДОМ) бараше укинување на невладини организации, контрадикторно е нели?”- додава младата активистка.
Додека остатокот од државата е веќе на нозе секој ден во 6 низ цела Македонија, вели Теано, партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ е во длабока хипноза дека живеат во најразвиената економија на Балканот. Во меѓувреме партиското седиште кое се закити со уметнички слики на раководството во услови кога економската и социјалната моќ на граѓаните паѓа со забрзувачко темпо е како што вели презентирање на немоќ за решавање на проблемите.
“Додека голем дел од нивното гласачко тело гласот на избори го продава за вреќа брашно или 500 денари, тие не ги кријат своите милиони. Со уметничките слики Никола Груевски не качи една скала погоре на диктаторската пирамида, а себе си се доведе поблиску до лудило. Еден човек заедно со неговата фамилија покажаа дека во заложништво ја држат и сопствената партија, не само државата”- забележува матурантката Кардула.
С.Б.

Слично