МЛАДИТЕ НАЈМНОГУ ТРПАТ: 230 илјади невработени во првите три месеци годинава
Иако невработеноста бележи благ пад, сепак забележливо е присутна според последните евидентирани податоци на статистика.
Од 24,5 проценти невработеност 231.386 лица во првото тромесечије годинава биле без работа, додека наспроти нив 714.435 лица се бележат како вработени чија стапка на вработеност е околу 42,6 отсто.
Податоците на Државниот завод покажуваат дека процентуално поголем е бројот на невработени мажи отколку жени. Или и 66,3 проценти се мажи, а жени 33,7 проценти.
Бројките велат и дека младите се најчесто на удар на невработеноста.
Од 25 и 45 години се движат лицата кои во првите три месеци биле без работа. Најмногу невработени лица се со средно образование четрири години 106.732, со основно 57.793, со високо образование 42.956, со средно образование три години 15.793, со незавршено основно образование 3859, со више образование 2.276 и без образование 1.908 лица.
Што се однесува до индустриите во преработувачката индустрија се вработиле најмногу лица или 136.381 лице. Зад неа се земјоделскиот сектор 120.921 лице и трговијата 101.422 лица.
