Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младите Македонци многу доцна заминуваат од домот на родителите, потврди Евростат

Младите Македонци многу доцна заминуваат од домот на родителите, потврди Евростат

Македонците доцна се осамостојуваат. 

Младите во Шведска стануваат независни на 18, а во Македонија со над 30 години.

Младите во Македонија и во скоро сите земји во регионот го напуштаат домот на своите родители откако ќе поминат 30 години.

Но, не е само Македонија.  Ако во Македонија младите стануваат независни на возраст од 31,8 години, во Црна Гора со 33,1, во Србија со 31,1 и во Турција со 27,5 години.

За Босна и Херцеговина нема податоци, но се претпоставува дека таа е на ниво на просекот на земјите од Западен Балкан.

Младите најрано го напуштаат домот на своите родители во Шведска, на неполни 18 години возраст, а во Хрватска стануваат независни со наполнети 32 години. 

Претходно, Евростат објави дека младите Македонци живеат во заедница и во премали домови.

Податоците на Евростат покажуваат дека 51 отсто од младите до 30 години живеат во заедница во многу мали живеалишта.

Нашата земја е меѓу државите каде е најголем бројот на граѓани кои живеат во домови со мала квадратура. 

Податоците од Евростат, покажуваат дека живеењето во премали домови е најчеста појава на Балканот. Во иста група заедно со Македонија, се и Србија, Романија и Бугарија. Просекот во Европската Унија покажува дека дека 17 отсто од луѓето живеат во недоволен простор. 

Слично

Поврзани вести