Младите ќе ја почекаат програмата за вработување и бенефиции
Владата најавува нови програми со кои ќе се создадат подобри услови за вработување на младите луѓе, а исто така ќе започне и пилот проектот Гаранција за млади кој ќе има повеќе финансиски бенефити на товар на државниот буџет.
На предлог на МТСП, Владата ја разгледа и ја прифати информацијата со план за имплементација на Гаранција за млади (прва фаза 2018-2019 година), како и Акцискиот план за имплементација на Гаранција за млади во три пилот општини во 2018 година.
На предлог на истото министерство, Владата го усвои и акцискиот план за вработување на млади 2016-2020-та година за што наскоро ќе бидат откриени повеќе детали.
Слично
