Младите Бугари побрзо наоѓаат работа од Европејците
Младите со високо образование во Бугарија наоѓаат работа побрзо од своите европски врсници.
По дипломирањето Бугарите бараат работа 4 месеци, додека на младите во Европа им се потребни 5 месеци. Ова го покажува студија за образованието во Европа во 2014 година.
„Повеќето Европејци имаат претензии во која фирма сакаат да започнат, иако обично се насочуваат кон водечките компании во индустријата. За Бугарите е важно да најдат работа, а имиџот на компанијата останува во позадина"- објасни експертот за селекција на персонал, Мирослава Николова, цитирана од „Монитор".
За необразованите Бугари овој период е двојно подолг и трае 21 месец.
„Таквите луѓе обично наоѓаат работа во земјоделството. Еден дел од ниско образованите Бугари или одат да работат во странство, или едноставно не бараат работа"- тврди Николова.
Во 2014 година околу 137 800 Бугари биле квалификувани за работата која ја вршат.
Други 77 800 вработени пак биле ангажирани на позиции кои бараат повисока од нивната квалификација.
