МЛАДИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ РИСКИРА: Во Салвадор биткоинот ќе биде законско средство за плаќање
Биткоинот ќе стане законско средство за плаќање во Салвадор. Претседателот на оваа централноамериканска, Наџиб Букеле кој има 39 години се обрати на конференцијата за биткоини во Мајами при што рекол дека веќе следната недела ќе предложи на Конгресот, закон за ова затоа што бил убеден дека ова може да му помогне на Салвадор да оди напред.
„Ова за краток временски рок ќе создаде нови работни места и финансиска помош за илјадници луѓе во зоната надвор од официјалната економија , а среднорочно и долгорочно се надеваме дека оваа мала одлука ќе ни помогне да го турнеме човештвото барем малку во вистинската насока, рече Букеле.
Инаку во Салвадор официјална валута е американскиот долар, а една четвртина од населението на земјата живее во САД – само минатата година тие испратиле дома повеќе од шест милијарди долари.
