Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младиќ доби доживотен затвор

Младиќ доби доживотен затвор

Некогашниот воениот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ доби доживотен затвор. 

Петчлениот Жалбен совет на Хашкиот Трибунал денеска ја потврди првостепената пресуда против  Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во ноември 2017 година, виновен за сериозни воени злосторства во војната во БиХ, како и геноцидот во Сребреница. Младиќ се наоѓа во притвор во Шевенинген од 31 мај 2011 година. Српските власти го уапсија на 26 мај истата година во Лазарево кај Зрењанин и беше испорачан на Трибуналот. Судењето на генералот Младиќ траеше од 16 мај 2012 година до 15 декември 2016 година. Во текот на 530 работни дена беа сослушани 169 сведоци на обвинителството и 208 сведоци на одбраната. Писмените изјави на уште 214 сведоци беа признати како докази. Прифатени беа 9.914 доказни предмети. Хашкиот трибунал го обвини генералот Младиќ за првпат на 25 јули 1995 година, а обвинението беше изменето неколкупати до 2011 година. По 26 години завршува последното судење за геноцид на територијата на БиХ пред судот на Обединетите нации за поранешна Југославија.

Во Хаг, пред судницата на неколку минути пред изрекувањето на пресудата имаше инцидент кога еден човек донесе транспарент за поддршка.

Со транспарентот поставен пред судницата, тој вели дека тоа е суд на неправда. Реагираа активисти и семејствата на жртвите од Босна и Херцеговина, кои беа присутни пред судот. Во име на иницијативата Анти-Дејтон, Нихад Алишковиќ, се обидел да му го украде транспарентот и да го присили да се оддалечи, а Сатко Мујагиќ, поранешен притвореник, се обидел да му објасни зошто не е во ред тоа да се прави и да се провоцираат жртвите. Човекот не сакаше да се претстави, но тој бил таму и пред четири години на првостепената пресуда. 

Слично

Поврзани вести