Млади ,,умови’’ сè помасовно ја напуштаат Македонија
Младите се помасовно ја напуштаат државата и својата иднина ја гледаат некаде на друго место.
Заклучно со 2010 година само, 447 000 македонски граѓани мигрилале во странство, покажуваат податоците од извештајот на Светска банка, и таа бројка постојано расте.
Но, уште поголем проблем е фактот што во Македонија има појава на т.н brain drain. Тоа претставува емиграцијата на интелигентни, високо-едуцирани индивидуи во други земји барајќи подобри услови за живот.
Последиците на една држава од оваа појава е тоа што губи значајни професионалци.
Но, зошто младите си заминуваат од својата држава?
Група студенти од факутелтот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), направија истражување во кое анализираат колку од младите би отишле во странство и кои се причините за тоа.
На анктета од 302 испитаници на факултетот, 251 студент рекол дека кога би имал можност би отишол да учи во странство, а 51 од нив рекле дека ќе останат во Македонија.
Студентот Стефан Блажевски, кој е дел од тимот кој го спроведе истражувањето вели дека според него, главна причина поради која студентите си одат од државата се студентските услови и невработеноста.
,,Првиот проблем е тоа што условите за студент во Македонија се мизерни. Прво да тргнеме од студентски домови, па до бирократијата на Универзитетите и слабото ниво на знаење кое се добива. Студентите не се обучуваат како по завршувањето да се ,,продадат на пазарот''. А да не зборуваме за ,,пазарот” во кој има два начини да се вработиш : партиска книшка или странство. “ – вели Блажевски.
Во истражувањето како останати фактори кои влијаат во одлуката на младите да одат во странство се потенцирани: животниот стандард и вмешаноста на политиката во разни сфери од општествениот живот.
На крајот од истражувањето се потенцира дека појавата на brain drain или масовното иселување на млади ,,мозоци’’ од Македонија, само што почнала. Во иднина се очекува бројот на млади кои ќе ја напуштат државата се повеќе да расте.
Целосното истражување можете да го погледнете тука проект-медиуми-final (1)
Ирена Каревска
