Економија, финансии, бизнис

Контакт

Млади момци од Македонски Брод со лажни пари плаќале пијачки

Млади момци од Македонски Брод со лажни пари плаќале пијачки

Две млади момчиња на возраст од 20 години во Македонски брод се честеле пијачки со лажни банкноти од 1000 и 500 денари.

Против нив полицијата поднесе кривични пријави а се товарат за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Тие лажните банкноти ги изработувале во домот на М.С.(20) и ги користеле во  кафе бар во Македонски Брод каде при плаќање на сметка употребиле лажни банкноти во апоени од 1000 денари.

Дека парите се фалсификувани забележале сопствениците на  угостителските објекти кои при внесување на промет во банка во Македонски Брод, забележале дека банкнотите се лажни а случајот го пријавиле во полиција.

Осомничените го признале делото а во нивните домови се извршени претреси при што се најдени лажно изработени банкноти во апоени од 500 денари, како и опремата со која се печателе банкнотите.

Слично

Поврзани вести