Млада Македонка тргнала на работа на брод, исчезнала на Крит
На Крит исчезна 23-годишна Македонка која веќе две години работела на брод. Семејството веќе четири дена трага по младата Дениса Маркоска, која не се вратила на работа откако бродот застанал на пристаниште на грчкиот остров Крит.
Од тој момент со неа се губи секаков контакт, а никаква информација немаат ниту грчката полиција, ниту одговорните од бродот Серенисима, кој пловел под руско знаме, и на кој работела Македонката.
Капетанот на бродот го пијавил случајот во полиција. Сепак, семејството Маркоски вели дека многу тешко доаѓа до официјални информации од грчките власти за тоа до каде е истрагата и моли за помош за да се пронајде младата девојка.
Слично
