Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЛАДА МАЈКА СИ ГО ФРЛИЛА БЕБЕТО ОД БАЛКОН: 4-месечното бебе има повреди по целото тело

МЛАДА МАЈКА СИ ГО ФРЛИЛА БЕБЕТО ОД БАЛКОН: 4-месечното бебе има повреди по целото тело

Во бугарското гратче Златица, млада 20-годишна мајка си го фрлила своето 4-месечно бебе од балкон, пишуваат денеска бугарските медиуми, наведувајќи дека инцидентот бил пријавен уште во текот на викендот. За среќа, девојченцето, иако има контузии по целото тело, тоа е итно пренесено во болница и не е во животѕозагрозувачка состојба.

Мајката на бебето е во притвор откако ја признала вината, а била подложена и на медицински и психијатриски прегледи. Грижата за бебето сега ја преземаат социјалните служби кои се известени.

Инаку, во Бугарија ова е четврти напад на сопствено дете за само неколку месеци. Лани на 19 ноември, 32-годишна жена си ги уби двете деца, девојче и момче на возраст од 3 и 5 години, на особено брутален начин во Сандански. На 2 февруари годинава, еден татко фатално го прободел своето 2-годишно дете. Пред еден месец, мајка го нападна своето дете, а потоа изврши самоубиство.

ФОТО: БГНЕС

Слично

Поврзани вести