Млада девојка во сеф во банка чувала кокаин
Во сеф во банка 27 годишна девојка чувала кокаин и пари.
Загребската полиција сомничи девојка дека набавувала, чувала и пакувала кокаин, амфетамин и марихуана. Полицијата ја уапси и во возилото кое го управувала најде дрога. Но, и во сеф во банка чувала дрога и тоа 58 грама во четири пакувања. Имала и 87.400 евра за кои постои стомнеж дека се обезбедени преку продажба на дрога. Сефот го пребарале затоа што полицијата имала сомнеж дека девојката чува дрога не само во станот и автомобилот, туку и на друго место. Девојката е однесена во Жупанискиот суд во Загреб.
Слично
