Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЛАД ХУМАНИТАРЕЦ ЗАГИНА ВО УКРАИНА: Возилото на Андро било разнесено од противтенковска мина

МЛАД ХУМАНИТАРЕЦ ЗАГИНА ВО УКРАИНА: Возилото на Андро било разнесено од противтенковска мина

Андро Фабијаниќ, 29-годишник од Загреб, кој активно им помагаше на украинските семејства и ветерани во хуманитарна работа, загина во Украина во експлозија на противтенковска мина минатиот вторник додека доставуваше помош, пишува Нови лист.

Трагичната вест која се прошири на социјалните мрежи ја потврдија и пријатели на ужаленото семејство. Младиот Андро од Загреб, познат на спортистите и рекреативците како личен тренер за фитнес, загина во возило за испорака кое превезувало санитарни материјали за украинските борци.

Возилото налетало на мина на патот и неколку негови колеги од Украина се ранети. За жал, за Фабијаниќ немало спас. Тој вчера требаше да отпатува назад во Хрватска. Имал купено билет. Работел за здружението „За херои“ од Днепропетровск, кое доставувало завои и друга медицинска помош на ветераните.

Тој, исто така, помогнал во евакуацијата на украинските семејства во Европа. Успешно префрлил девојка од Украина која ја запознал и нејзините родители од завојуваната земја во Хрватска, во Загреб.

Истото го направил и за уште едно украинско семејство кое исто така нашло привремен дом во Хрватска. Тој постојано го одложувал планираното пристигнување во Загреб, а хуманитарната работа и помагањето на несреќните Украинци се чинеше дека сè повеќе станува неговамисија.

ФОТО: Фејсбук

Слично

Поврзани вести