Економија, финансии, бизнис

Контакт

МКГ предупредува на можна ескалација во Македонија

МКГ предупредува на можна ескалација во Македонија
Меѓународна Кризна група вели дека состојбата во Македонија драматично се влошува. Земјава е ставена во група со уште неколку држави од азија и африка, каде се заканауваат отворени конфликти. Целиот извештај на линкот ТУКА. Инаку експертите сметаат дека ова доаѓа како резултат на политичката криза, а особено ситуацијата се вжешти по аболицијата, откако почнаа протестите. „Дека пожарот беснее година и пол и во последно време се разгорува. Се разгорува до таа мера што една светски релевантна организација што се занимава со кризи и кризни состојби – The International Crisis Group– во последниот извештај ја „класифицираше“ Македонија во места на светската мапа каде состојбата се влошува и постои можност за отворен конфликти (http://www.crisisgroup.org/en/publication-type/crisiswatch/2016/153.aspx). Тоа, ќе се согласиме, не е убаво. Не само заради тоа што сме во „лошо друштво“ како Авганистан, Бангладеш, Гамбија, Ирак, Нагорно-Карабах (Азербејџан), Република Конго и Сирија, туку заради самите нас“ вели колумнистот на Фактор Трајче Стојанов.
Слично

Поврзани вести