Мизрахи: Економијата ни е главен фокус, зголемуваме пензии и плати
Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на нашата татковина. Пред нешто повеќе од една година, наследивме девастирана држава, пеплосана, оставена во безредие и наше е да градиме, и да градиме се од почеток, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи при посетата на Виница.
„Економијата остана главна во фокусот на нашето внимание, меѓутоа не помалку и инфраструктурните решенија, зголемување на пензиите, зголемување на одредени плати, исплаќање на застарените субвенции, заостанатите долгови, меѓутоа исто така и редовни исплаќања на новите субвенции“, вели Мизрахи.
Пратеничката кажа дека во општината се добиени околу 150 милиони денари за инфраструктурни решенија од различен тип, за различни типови на градење.
