Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мизо: Украинската криза го намали обемот на работа во автомобилската индустрија

Мизо: Украинската криза го намали обемот на работа во автомобилската индустрија

Војната во Украина има големо индиректно влијание врз производствените процеси на компаниите од автомобилската индустрија во земјава, поради проблемот со испораката на компонентите и репроматеријалите кон клиентите во Европа, оцени претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, Виктор Мизо.

Токму кризата во Украина, како што посочи за МИА, е причината и за намалување на обемот на работа или запирање на производството на голем дел од компаниите производители на автомобили во Европа. Компаниите Фолксфаген, Мерцедес, Порше, Ауди, Мини, се само дел од погодените во моментов.

– Македонските компании, добавувачи за автомобилски компоненти се соочуваат со намален обем на работа, а со тоа и со потенцијално скратено работено време, односно намалување или оптимизирање на вработените и работните места преку упатување на принуден одмор или реорганизација на производството, рече Мизо, посочувајќи дека со зголемувањето на цената на струјата, нафтата, храната, гасот, транспортот…. драстично се зголемени и дополнителните трошоци.

Со почетокот на војната, нагласи, веднаш почнале проблемите со испорака на компоненти кои се произведуваат во Украина, како и суровини потребни за производство на делови од возилата кон клиентите во Европа. 

Слично

Поврзани вести