Мизо: Реформите на Владата се важни за бизнисот-резултатите видливи!
Видливи еконсомски резултати на компаниите, 5000 вработени во 2015 во технолошко индустриските зони, позитивна разлика помеѓу извозот и увозот минатата година се дел од оценките што денеска на трибина на „Павел Шатев“ ги изнесе Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.
Мизо ги спомена реформите на Владата и псоочи дека позитивните оценки на економијата од Светска банка се релевантни токму поради политиките кои ги споведуваат во 8-9 години.
Првиот човек на ТИРЗ истакна дека реформите вродуваат со плод а соработката меѓу домашните и странските компании се зголемила.
„Глобалните светски компании најчесто пред воопшто да дојдат и да ја гледаат Македонија како дестинација се прави т.н. „деск рисрч“ кога ангажираат некоја консултантска фирма и се прави анализа на голем број на земји“, рече Мизо потенцирајќи ја важноста на овие реформи кои според него директно го подобруваат начинот на водење бизнис но и од компанијата која ќе дојде тука ќе може побрзо да стане оперативна и профитабилна.
Во иднина Мизо очекува позитивните оценки да продолжат како за економијата така и за бизнисот.
Слично
