Мизо оптимист за новата 2014 година – 10 нови странски инвеститори ќе удрат темели на своите фабрики во Македонија
Се трудиме странските инвеститори кои доаѓаат во Македонија да бидат распоредени на територијата на целата држава и очекувам дека во првите четири месеци од наредната година, 10 нови фирми да ги објават своите одлуки за инвестирање во Македонија. Оваа оптимистичка најава дојде синоќа од Кавадарци, од директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо. Тој учествуваше на трибината „Странските директни инвестиции како двигател на македонската економија”.
- Ги имаме „Џонсонс контролс” во Штип, „Кромберт и шуберт” во Битола, „Дрекслмаер” и сега „Кофикабс” во Кавадарци. Американска компанија која ќе произведува воздушни перничиња, планира да отвори околу илјада работни места во Кичево. Тоа се прави за луѓето низ целата држава да ги почувствуваат бенефитите од нашето седумгодишно работење - изјави Мизо.
Претседателот на Комисијата за економија и финансии при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, Илија Тренчев, подвлече дека влијанието на директните странски инвестиции е доста поволно.
Слично
