Мизо контра БИРН - Потребно е време за сите вработување во странските инвестиции
Два месеца му требаа на директорот на Слободните зони Виктор Мизо, да одговори на сознанијата на истражувачката мрежа БИРН дека во зоните има седум пати помалку инвестирано од ветеното и три пати помалку вработени, пренесува Алсат-М. Мизо смета анализата не е точна.
„Ке имаме дополнителна средба и разговор каде што подетално ќе ги разгледаме сите тие бројки како тие стигнале до нив бидејќи на состанокот имаше и претставници од неколку компании кои беа спомнати во извештајот и имавме некои не сакам да кажам несогласувања, туку различни гледишта на иста работа“, изјави Виктор Мизо – директор на дирекцијата ТИРЗ.
Според него исполнувањето на бројот на ветените работни места во странските компании е процес за кои е потребно време. А многу е важно да се земат во предвид кога е најаваена инвестицијата, но и кога истатат почнала со работа. За Мизо нема ништо спорно и во тоа што државата годишно дава субвенции за странските инвеститори, а смета дека поволностите и донеле ќар на земјава. Според него нема спорно ни во тоа што со последниот извештај на НБРМ е наведено дека од земјава се одлеале 33, 6 милиони евра од салдото на странските инвеститори.
„Не може да се очекува голем дел од овие компании континуирано таа добивка да ја реинвестираат, дел од инвестициите во Македонија се базираат врз основа на позајмици од нивните мајки компании, или како што е секаде во светот ако постои погон во некои делови од светот се консолидираат на централно ниво“, додава Мизо.
Вообичаено, претставници на Владата во заминување најавуваа голем број инвестиции и голем број на вработувања, но фактичката состојба беше прикажана од БИРН, и таа беше далу полоша од фалбите на власта.
