Мизо: 2014 најуспешна по странски инвестиции
Изминатата година е најуспешна за Република Македонија по однос на странски инвестиции кои влегле или најавиле дека ќе дојдат во земјава. Дури 13 инвеститори пројавиле интерес да отпочнат бизнис, некои веќе отпочнале, а некои во најава се чека д почнат да го шират својот бизнис и што е најважно за нас да вложат сопствен капитал.
Според директорот на Дирекцијата за технолошко – индустриски и развојни зони, ТИРЗ, Виктор Мизо, компаниите кои отвориле свои претставништва во индустриско – развојните зоните отвориле илјадници нови работни места, а извозот од земјава забележал пораст за повеќе од половина односно 54 отсто повеќе во споредба со претходната година.
„Оваа бројка уште повеќе ќе се зголеми идната година, само врз основа на најавите на постоечките компании кои се веќе инвеститори. Нивните бројки кажуваат дека ќе има зголемување од 10 до 15 проценти идната година“, изјави директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.
Мизо не можеше да го скрие задоволството за како што рече рамномерениот регионален економски развој во земјава односно влез на странски инвестиции не само во главниот град Скопје туку и надвор од него.
Во своето обраќање директорот на Дирекцијата нагласи дека има најави за нови инвестиции и годинава, но ќе се почека до почетокот на февруари кога најверојатно самите компании ќе го објават планираниот инвестициски циклус.
Во првиот квартал од годинава се очекува да почне изградбата и на технолошко-инудстриската развојна зона во Делчево. На тој начин целосно ќе се заокружи проектот на ТИРЗ – во Македонија да функционираат вкупно 14 зони.
Кон крајот на минатата година Владата објави оглас за ангажирање на консултантска компанија за анализа на проектот за привлекување странски инвестиции, која треба да направи длабинска анализа на воспоставениот систем за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија и да изготви студија со предлог мерки за подобрување на системот.
Слично
