Митрополитот кој тврдеше дека Господ не дозволува луѓето да се заразат, почина од коронавирусот
Иако тврдеше дека Господ не дозволува луѓето да се заразат, сепак грчки митрополит почина од коронавирусот.
Митрополитот на грчкиот округ Етолија-Акарнанија, Космас, кој се противеше на вакцинирањето и сите заштитни ковид-мерки општо, почина на 76 години по едномесечна борба со вирусот. На 1 декември завршил на интензивна нега.
Космас беше критичар на владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучувајќи го и носењето маска. За време на една богослужба минатата година, тој ги нападна сите оние кои не сакаа да влегуваат во црквите, нарекувајќи ги неверници.
„Господ не дозволува да се заразите. Господ не заразува! Ова е свето место, храмот е небесен“, кажа тој.
Сестрата на Космас, која исто така не била вакцинирана, минатиот месец на 75 години почина од коронавирусот.
Минатата недела имаше голем пораст на бројот на заразени во Грција. Строги анти ковид мерки се на сила. Во светот повеќе антиваксери починаа од коронавирусот.