Митрополитот Амбросиос ги повика Грците да ја кренат тупаницата
Грчката црква продолжува со кампањата на ширење омраза против македонската држава и не се согласува терминот Македонија да биде дел од името ако дојде до решеие меѓу соседите, но исто така продолжува и со поддршка на националистичките протести. Грчкиот Митрополит на Калаврита и Аигалеја, Амбросиос нуди и бесплатен превоз за утрешниот протест во Атина и ги повика грците да ја кренат тупаницата.
„Мои браќа, Македонија е грчка. Дел од Грција е изгубен. Разбудетете се! Станете! Кренете го својот глас! кренете ја својата тупаница! Дојдете со нас во Атина! Дојде со нас бесплатно, ние ви нудиме превоз! Мои браќа дојдете во недела на 4-ти февруари во 10 часот да ја продолжиме нашата битка во Атина! Дојдете да ги кренеме нашите гласови со грчкиот народ“, пишува Амбросиос.
Понатаму тој се повикува на изјавата на познатиот грчки композитор Микис Теодоракис кој се залага на почитување на одлуката од 1992 година, од состанокот на лидерите на сите грчки политички партии, за неприфаќање на име за северниот сосед со терминот Македонија.
„Кога се плашиш да кажеш дека ја сакаш својата татковина и кога – уште полошо, ја продаваш – тоа не е расизам. Кога не се плашиш да кажеш дека ја сакаш земјата и имаш храброст тоа да го извикаш гласно, тоа не е национализам, тоа е патриотизам. Остани лојален на националната линија од 1992. Име без терминот Македонија“ стои во текстот на грчкиот митрополит.
