Митрополит Амфилохије: Природно е црквата да гради станови и издава хотели
Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, оцени дека Митрополијата е во „материјална слабост" и не е во можност да гради домови за стари лица.
Сепак според митрополитот, „природно“ е, Српската православна црква (СПЦ) да гради станови и да држи хотели.
„ Сето тоа е во слава на Бога и за доброто на нацијата“, вели Митрополитот, а објави весникот „Вјести“.
Митрополитот сепак негирал дека црквата води бизнис ако издава хотели, а пред новинарите изјавил дека тие треба да се „ оцрковнат" за да ги разберат овие работи.
Според извештаите во медиумите, СПЦ само манастирот Острог годишно собира до 50 милиони евра.
Српската православна црква исто така бара да и се вратат во Будва неколку илјади хектари земјиште, а бара земја и во други области на Црна Гора.
Слично
