Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митревски тврди – ССМ ги штити работниците!

Митревски тврди – ССМ ги штити работниците!
Вкупно 3.633 работници се пожалиле во ССМ минатата 2013 година дека им се прекршуваат работничките права. Ова е зголемување за речиси 1/4 во однос на претходната 2012 година, вели првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски. Најмногу поплаки имало за неисплатени плати, придонеси и надоместоци. „Најголем број на обраќања се од Синдикатот на работниците од угостителство, туризам, комунално-станбено стопанство, занаетчиство и заштитни друштва“, открива првиот синдикалец. Според него, доколку работниците тргнеле сами да бараат правна заштита за прекршените права, тоа би ги чинело 17,8 милиони денари. „Сојузот на синдикати согласно своите определби обезбедува бесплатна правна заштита на работничките права за своето членство.Синдикалното членство во ССМ, најдиректно и најнепосредно обезбедува заштита на своите права од работен однос преку активностите на одделението за работни односи, правна заштита и колективно договарање“, појасни Митревски. Тој на овој начин индиректно одговара и на обвинувањата од стечајните работници, кои вчера го обвинија дека не ги штити работничките права и побараа да се сретнат со него за да му побараат оставка. Стечајците н аМитревски му дадоа рок од 7 дена да ги исполни нивните барања, а во спротивно најавија дека ќе ја блокираат работата на општинската синдикална организација во Куманово, а службениците ќе ги избркаат од канцелариите.
Слично

Поврзани вести