Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митревски: ССМ и без протест ќе се избори за работничките права

Митревски: ССМ и без протест ќе се избори за работничките права
Сојузот на синдикати на Македонија ќе се избори за правата на работниците, уверува синдикалниот лидер Живко Митревски, кој денеска не излезе на синдикалните првомајски протести во Скопје. Митревски нагласува дека во ССМ постои решеност достојно да се застапуваат работничките права, да се унапредува работното законодавство и да се усогласува со стандардите во ЕУ. „Покажавме дека и во Македонија може да се донесе Закон за минимална плата и тој не само што можеме да го имплементираме туку и да го унапредиме. Ги одбранивме во услови на најтешка економска криза трите основни столбови и не дозволивме масовни отпуштања, не дозволивме намалување на платите, не дозволивме зголемување на пензиската граница“, вели синдикалниот лидер. Тој најавува дека оваа година ќе биде потпишан општиот колективен договор за јавен сектор и ќе продолжи кампањата за обезбедување безбедни работни места.
Слично

Поврзани вести