Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митов:Oдговорноста е на плеќите на македонските политичари

Митов:Oдговорноста е на плеќите на македонските политичари

Бугарија сака Република Македонија еден ден да биде членка на ЕУ и НАТО, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Даниел Митов за време на состанокот во Солун.

Тој вели дека Европската Унија не поставува граници, туку таа ги надминува границите. Објаснува дека двата народи ќе продолжат да живеат заедно, тие треба да се движат слободно, да контактираат слободно, да тргуваат.

„Но, одговорноста во случајот е на плеќите на македонските политичари и ние повеќе пати сме повикале  дека во таа ситуација ќе треба да се вратат на договореното од минатата година. Треба да се спроведат избори, но тие треба, се разбира, да бидат изведени врз основа на сите правила. Најважното нешто се реформите. Реформите кои се договорени треба да бидат исполнети. Не може да се обвинуваат ЕУ или НАТО поради тоа што не сте поканети или Република Македонија не започнала преговори и тоа ја предизвикало кризата. Токму обратно е. Прво се спроведуваат реформите, така беше и со Бугарија“ - вели  Митов.

Тој се надева дека кај нас ќе продолжат реформите и ќе се спроведат нормални избори кои ќе доведат до развој во насока на членството во ЕУ и НАТО.

Слично

Поврзани вести