Економија, финансии, бизнис

Контакт

Митко Јанчев: Се одобруваат барања за фотонапонски панели, Кавадарци станува „зелен град“

Митко Јанчев: Се одобруваат барања за фотонапонски панели, Кавадарци станува „зелен град“

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објави дека во неговата општина  се одобрени, или се во постапка на одобрување, дозволи за градби на фотонапонски панели со вкупна можност од над 30 мегавати досега.
За поставување на фотоволтаици на самите објекти во сопственост на компаниите и физичките лица, бкупната инсталирана моќност би била 17,7 мегавати, додека кај компаниите кои градат фотонапонски централи на градежно земјиште досегашниот потенцијал е 16,1 мегавати.
„Во Општина Кавадарци барања за поставување на фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се поставуваат на објекти имаат поднесено вкупно 56 лица од кои, 52 се правни лица, а 4 се физички. За истите барања е одлучено со решение од градоначалникот. Во процес на издавање на решенија се уште 9 барање од кои 7 се поднесени од правни лица, а 2 од физички лица.

Вкупната инсталирана моќност за сите одобрени барања и они кои се во процес за поставување на фотонапонски панели изнесува 17,7 М/W.

Исто така барања за изградба на фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се градат на градежно земјиште имаат поднесено вкупно 9 баратели- сите правни лица, а во процес се уште две барања поднесени од страна на правни лица. Вкупната инсталирана моќност на фотонапонските централи за кои се издадени одобренијата за градење или е во тек постапката по истите, изнесува 16,1 М/W“, објави Јанчев.

Како што дополнува градоначалникот, оваа бројка е јасен показател дека Кавадарци брзо и сигурно станува ,,зелен град’’ кој се повеќе преминува во користење на сончевата енергија за производство на електрична за домаќинската и индустријата.


Слично

Поврзани вести