Митингот на Шешељ ќе го обезбедуваат 1000 радикали!
За безбедноста на денешниот митинг кој после 12 години ќе го одржи Војислав Шешељ, ќе се покрижат околу 1.000 радикали.
Скап е, како што велат од СРС, уредно пријавен во полиција, а се очекува присуство на 10.ооо луѓе од сите делови на Србија.
На членовите и симпатизерите ќе им се обратат двајца говорници – лидерот на СРС, Војислав Шешељ и потпретседателот на партијата, Немаља Шаровиќ.
Тој исто така рекол дека не очекува на денешниот собир да има било какви инциденти, но дека ќе бидат дежурни две екипи на Итната помош.
Политичките аналитичари сметаат дека враќањето на Шешељ нема да предизвика значајно тресење на поличтичката сцена на Србија. Може само да се подигне рејтингот на СРС, и да влијае на падот на популарноста на СНС, а најголемите губитници може да бидат малите партии како ДСС и Двери.
