МИСТЕРИОЗНОСТ ДО БЕСКРАЈ: Дали девојката од Аеродром беше силувана?
Случајот од скопски Аеродром кој ја потресе јавноста се повеќе се обвиткува со мистериозност.
Првичните претпоставки се дека девојката се фрлила од девети кат од зграда, меѓутоа работите се комплицирани.
Семејството, односно мајката на починатата девојка која вчера си го одзеде животот во скопската населба Аеродром тврди дека девојката била силувана од такси возач и дека за случајот ја известила полицијата.
Меѓутоа, од МВР демантираат и велат дека во последните 48 часа немало пријави за силување во ниту една станица во главниот град.
„Нема никаква пријава за силување во СВР Скопје. Проверени се сите станици во градот. Не знаеме од каде се тврдењата на мајката на починатото девојче, соопштија од МВР.
Но, надлежните велат дека вчера околу 15.35 часот стигнало пријава за напад врз таксист.
Имено, возачот кој ја однел младата Стефани дома пријавил во полиција дека бил физички нападнат од страна на лицето А.З. (39) од Скопје кога го симнувал патникот. После тоа напаѓачот побегнал во непознат правец со ПМВ „Опел“ со непознати регистарски ознаки.
Случајно или не, иницијалите на обвинетиот напаѓач кој со боксови и клоци му нанесол видливи повреди на таксистот се софпаѓаат со момчето на мајката на девојката, што уште повеќе го заплеткува случајот. Додека мајката на девојчето е на инфузии, тој тврди дека го менаџира нејзиниот фејсбук профил.
Телото на починатата Стефани е предадено на судските вештаци за обдукција кои треба да ги проверат наводите на мајката и ќе откријат што всушност се случило.
Можно ли е девојката навистина да не била силувана и целата приказна да има друг крај? Можно ли е да била убиена? Зошто толку млада би посегнала по својот живот, ако претходната вечер на социјалната мрежа пишува колку и е убаво?
Прашања кои засега немаат одговор.
Се додека не се затвори случајот и целосно не се заврши истрагата, сите информации без потврда од МВР се шпекулација.
Во кратки црти:
9 март 4:30 наутро – таксист ја носи девојката дома, таксистот е претепан од А.З. 9 март 7:01 наутро – Девојката на фејсбук објавува фотографија од храна и пиење со коментар – Убаво ни е. 9 март 11 претпладне – Девојката паѓа од кров на зграда, постои сомневање дека се работи за самоубиство. 9 март 15:35 часот – Таксистот пријавува дека бил нападнат 10 март 00:58 – Медиумите со изјава на мајката дека девојчето било силувано од таксист 10 март 11:00 претпладне – МВР демантира дека имало пријава за силување 10 март 13:00 часот– МВР испраќа информација дека е нападнат таксист во скопски Аеродром, медиумите нападот го поврзуваат со девојката. Иницијалите на напаѓачот се совпаѓаат со иницијалите на момчето на мајката на девојката. 10 март 15:09 часот – МВР ја потврди информацијата дека претепаниот таксист е возачот кој ја донел дома девојката која следниот ден падна од зграда.
