Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИСТЕРИОЗНО: Најдените тела во битолскиот мотел биле во фаза на распаѓање

МИСТЕРИОЗНО: Најдените тела во битолскиот мотел биле во фаза на распаѓање

Најновите инфорации поврзани со мистериозната смрт на момче и девојка во битолски мотел покажуваат дека нивните безживотни тела биле најдени во фаза на распаѓање.

Телата се наоѓале на кревет во близина на бањата, едно до друго, без облека.

Персоналот во текот на вчерашниот ден на сила ја отворил вратата откако се посомневале дека нешто чудно се случува, а собата била заклучена од внатрешната страна.

Покрај телата на починатите се најдени документи за идентификација, при што е констатирано дека се работи за лицата И.К. (33) и И.Ѓ.(27) од Битола.

Веднаш по извршениот увид кај починатите е констатирана смрт, а обвинителство нареди обдукција на телата со цел расветлување на случајот.

Она што исто така го потврдија од МВР е дека машкото лице ја изнајмило собата на 24 октомври и подолго време не излегувал од неа.

Слично

Поврзани вести