Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИСТЕРИОЗНАТА СМРТ СЕ ОТПЛЕТКУВА: Починатите во битолскиот мотел се предозирале со метадон

МИСТЕРИОЗНАТА СМРТ СЕ ОТПЛЕТКУВА: Починатите во битолскиот мотел се предозирале со метадон

Мистериозна смрт во текот на вчерашниот ден ја потресе Битола кога две безживотни тела беа пронајдени во фаза на распаѓање во битолски мотел.

Според информации на Плусинфо, причина за смртта на младите лица била предозираност со метадон.

Битолската полиција ги потврди информациите дека двете тела на починатите се наоѓале без облека, на кревет едно до друго.

Персоналот во текот на вчерашниот ден на сила ја отворил вратата откако се посомневале дека нешто чудно се случува, а собата била заклучена од внатрешната страна.

Покрај телата на починатите се најдени документи за идентификација, при што е констатирано дека се работи за лицата И.К. (33) и И.Ѓ.(27) од Битола.

Веднаш по извршениот увид кај починатите е констатирана смрт, а обвинителство нареди обдукција на телата со цел расветлување на случајот.

Она што исто така го потврдија од МВР е дека машкото лице ја изнајмило собата на 24 октомври и подолго време не излегувал од неа.

Слично

Поврзани вести