Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мистериозна смрт на Србинка која издавала соби во Минхен - еве какви детали открила полицијата

Мистериозна смрт на Србинка која издавала соби во Минхен - еве какви детали открила полицијата

Мира Костов, која имаше 66 години од Ракита е пронајдена мртва во нејзиниот стан и во Минхен, Германија, а нејзиното тело го пронашол еден од нејзините бројни потстанари.

Според портпаролот на полицијата Свен Милер, Мира по потекло е од Србија, но имала и германско државјанство. Полицијата верува дека таа била убиена меѓу 24 и 27 декември. За да не се наруши истрагата, полицијата не даде коментар за начинот на кој е убиена.

„Пронајдени се неколку повреди по целото тело. Таа не беше застрелана“, тоа беше сè што тој објави, пренесува Курир.рс.

Мира Костов живеела сама во куќата. Сепак, од време на време, издавала неколку соби, претежно на луѓе од поранешна Југославија кои доаѓале во Минхен. Сепак, сегашните потстанари не биле таму за време на Божиќните празници, а еден од нив ја нашол кога се вратил во нејзиниот дом во неделата.

„Мира беше пронајдена во кујната. Трупот бил во локва крв“, пишуваат германските медиуми.

Неколку патролни автомобили, форензичари, криминалистичка полиција и детектив за убиство веднаш дошле на самото место.

Портпаролот Милер ја опишал ситуацијата како „многу, многу сложена и збунувачка“ затоа што убиената жена имала бројни потстанари.

„Сè уште не е јасно колку луѓе живееле во куќата. Можно е истиот кревет да го изнајмиле неколку лица кои спиеле таму во смени“, пишуваат германските медиуми.

Истражителите пронашле траги од упад кај прозорецот од куќата, но сè уште не е јасно дали има врска со убиството, бидејќи во куќата нема индиции за претрес и кражба.

Минхенската полиција ги замоли сите граѓани од областа каде живееше Мира Костов да пријават дали забележале нешто сомнително во периодот од четврток до недела, без разлика дали станува збор за луѓе или возила.

Истражителите апелираат да се јават и луѓето кои во минатото имале контакт со Мира Костов или ја виделе.

Медиумите јавуваат и дека Мира не била во добри односи со соседите и дека постојано се карала со нив и дека ги пријавила дури и кога гранка од нивното дрво преминала во нејзиниот двор.

фото: Курир.рс

Слично

Поврзани вести