Мисовски: Никола на 24 ти ја донесе најгрешната одлука
- Нека види Никола, тука му е народот, пред неговата зграда од каде ги носи најпогубните одлуки. Ти Никола, на 24 ја донесе најгрешната одлука. Одлучи да ја убиеш демократијата и парламентот, со Јанкуловска, Ставрески и Вељаноски. Заедно одлучивте да кренете рака на пратениците, а со тоа и на народот, рече потпретседателот на НСДП, Горан Мисовски на протестот на опозицијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
- Никола, тука ти е народот. Ти го повлече најочајниот потег, ги пушти твоите кучиња да не тепаат.
-Сакам да ви соопштам дека најголемите херои, до крајот на мојот живот ќе бидат пратениците со кои заедно се боревме да го одбраниме уставниот поредок - заврши Мисовски.
Слично
