Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мислите дека Скопје е скап град?

Мислите дека Скопје е скап град?
Што се однесува до цените, привилегија е да живееш во Скопје, евтино е. Нашиот главен град е на 178 то место на листата најскапи градови во светот. Тоа што нам Скопје ни изгледа скап е поради нискиот стандард. Споредбата покажува дека Скопје, и воопшто Македонија важат за место каде се живее поприлично евтино. Минатата година Лондон се најде на врвот на најскапи градови. Имено месечна кирија за наместен еднособен стан во Лондон просечно изнесува 4.250 долари, месечната карта за јавен превоз е 215 долари, а машка фризура чини околу 28 долари. Официјалната листа на 10 најскапи градови во светот изгледа вака: 1. Лондон 2. Осло 3. Женева 4. Цирих 5. Њујорк 6. Лозана 7. Сингапур 8. Париз 9. Сан Франциско 10. Копенхаген На дното на листата најскапи градови се рангирани Каракас во Венецуела, па Калкута, Хидерабад, Пуна и Мадрас во Индија.
Слично

Поврзани вести