Мисијата на нафташите пропадна: Нафтата падна под 47 долари за барел
Цената на нафтата од типот брент за јули на берзата ICE во Лондон падна за 2,8% и стигна 46.63 долари за барел.
Последниот пат кога нафтата од оваа сорта падна под 47 долари за барел, беше на 29 ноември 2016 година.
Вчера, на 4 мај, вредностите на нафтата паднаа паради неуспешниот обид на ОПЕК да го елиминира висшокот од понуда на оваа сировина на пазарот.
Суровата нафта од типот Брент поевтини за повеќе од 5 проценти.
Кон 20:24 часот цената на фјучерси договорите за јули на нафтата од типот Брент падна за 4,96% - до 48,27 долари за барел. Пред тоа во текот на трговијата на нафтата од типот Брент достигна 48,17 долари за барел.
Цената на јунските фјучерси за сурова нафта WTI се намалија за 5,1% - до 45,38 долари за барел.
